ОВЕН
Денот е погоден за креативни планови и подготовка за нивна реализација. Не преморувајте се физички, размислувајте позитивно и креативно. Хармоничните односи ќе ви помогнат да се организирате и полесно да се справите со тешкотиите. Вашата објективна проценка на работите е предуслов за правилни одлуки и адекватни постапки.
БИК
Пожелно е денеска да избегнувате вмешување во директни конфликти и да се фокусирате на сопствената работа. Има работи на кои ќе треба да обрнете посебно внимание и затоа можете да се потпрете на луѓето коишто ве опкружуваат да ви помогнат. Обидете се да го промените односот кон саканата личност која заслужува поголема ваша доверба.
БЛИЗНАЦИ
Без да ги потценувате вашите задачи, ќе бидете активно вклучени во решавањето и на јавните работи, привлекувајќи ги во настанот и другите од вашето опкружување. Поврзаните очекувања ќе ги зголемат вашите перформанси. Ќе ви се зајакне волјата, ќе се ослободите од сомнежите и грижите, а вашиот пат ќе стане појасен.
РАК
Денот ќе ви помине без изненадувања. Вашите барања до деловните партнери се целосно оправдани и најверојатно ќе бидат задоволени. Бидете понаметливи и поупорни во односот со саканата личност. Вие сте ранливи во новата врска, бидејќи другата страна е многу активна. Но, зачувајте го изборот за себеси.
ЛАВ
Во животот на многумина од вас доаѓаат промени, поврзани и со вашите финансии. Со зголемените можности ќе го привлечете вниманието на многу луѓе, што значи предлог за заеднички активности. Другите ќе бараат совет од вас. Сè што ќе започнете има шанса да заврши добро, доволно е да сте одговорни кон тоа.
ДЕВИЦА
Користете кратки и јасни пораки ако очекувате да бидете разбрани. Духовните практики можат да ви помогнат, тие се моќно средство за трансформација и, што е најважно, без трошење енергија. Ништо нема да ја спречи вашата насоченост, доколку побудите ви се хумани и во интерес на повеќе луѓе.
ВАГА
Денеска ќе имате особено пријатен ден. Опкружени сте со добро расположение, а што и да правите, тоа воопшто нема да ве оптоварува. Потребно ви е повеќе движење, па веројатно нема да останете долго дома. Очекувајте атрактивна понуда за нешто што долго време сакате да ви се случи. Бидете поштедливи, трошите на непотребни работи.
ШКОРПИЈА
Не двоумете се да дејствувате брзо, па дури и непромислено ако ситуацијата го бара тоа. Подобро така отколку да чекате. Семејните проблеми кои го одвлекуваат вниманието на многумина од вас наскоро ќе бидат решени и не треба да ве преокупираат.
СТРЕЛЕЦ
Никому не му е потребно доброто толку многу како на оној кому веќе не му останало доброто за споделување. Денеска повеќе од кога и да е имате потреба од охрабрување, да се забавуваат и да ви се восхитуваат. Ќе бидете најпродуктивни доколку ги извршувате деловните задачи со свое темпо. Тогаш нема да задоцнат ниту резултатите.
ЈАРЕЦ
Во врска со вашиот проект или друга иницијатива за која се потребни средства, ќе ги искористите вашите познанства со вистинските луѓе или контакти со кредитни институции. Личните проблеми ќе ги решавате самите, без надворешна интервенција, што има и свои предности. Ќе обезбедите независност и слобода за дејствување.
ВОДОЛИЈА
Бидете помалку пребирливи за работи и луѓе кои не ги сакате. Ако ја потиснете вашата иритараност, ќе ја намалите напнатоста што лебди околу вас. Размислете позитивно, опуштете се и правете го само она што ви причинува задоволство. Ќе доживеете треперлива возбуда во друштво на личност која ви се допаѓа.
РИБИ
Денеска сте умерени во вашите желби и тоа им носи успех на повеќето од вас. Изненадувачки предлог за заеднички бизнис може да се покаже како многу добра перспектива за вашата иднина. Не двоумете се предолго, може да бидете претекнати. Настаните ќе ви ги кажат најдобрите одлуки што треба да ги донесете во лет. Верувајте ѝ на вашата интуиција.