ОВЕН
По секоја цена обидете се да работите темелно, без споредни разговори и активности. Тешкотиите предизвикани од итни задачи ќе ве спречат да ги завршите сите ваши обврски до крајот на денот. Нервозни сте и несвесно ги зголемувате сопствените проблеми со тоа што ги предизвикувате колегите на расправија.
БИК
Најдобро е да ги решавате важните проблеми во семејството, а на вашето работно место да разговарате за деловни прашања. Потоа одете на вашата работа. Не се тепајте себеси поради туѓите грешки. Грижете се за вашите рутински обврски и успехот на работното место ќе ве следи.
БЛИЗНАЦИ
Исполнети се со сили кои можат да станат причина за остри забелешки упатени кон вашите колеги. Бидете толерантни кон туѓите грешки, бидејќи и вие грешите. Прифатете понуда за патување во странство. Тоа ќе ви донесе успех и ќе ви открие можност да го проширите вашиот бизнис.
РАК
Подгответе се за работа која ќе биде дополнителен доказ за вашите способности и причина за добра проценка на она што сте го постигнале на професионален план. Докажете дека сте трпеливи, толерантни и стабилни. Доколку денеска имате важна задача, со краток рок на остварување, бидете сигурни дека успешно ќе се снајдете.
ЛАВ
Повторно сте во креативен подем. Имате можност да остварите состаноци кои ќе ви помогнат професионално да напредувате. Проценете дали одите во вистинската насока. Задолжителна е анализа на настаните и вашето однесување. Доколку развивате бизнис, но сѐ уште сте на почеток, најдете финансиска поддршка.
ДЕВИЦА
Имате можност да ги завршите вашите итни задачи на работното место. Бидете внимателни со зборовите и не претерувајте со фалењето пред колегите. Решете ги споровите со нив така што ќе им објасните деловно и смирено што треба да сторат.
ВАГА
Напнатоста на вашето работно место е предизвикана од преголемата самодоверба, којашто, за жал, ви носи загуби. Анализирајте ги изминатите денови и направените грешки за да избегнете нови грешки. Стабилизирајте го она што сте го постигнале. Финансиските загуби можете да ги избегнете, доколку бидете упорни и непростувајќи им на луѓето кои ви наштетиле.
ШКОРПИЈА
Нема да ви недостигаат полемики на работното место. Склони сте да се стремите кон пројавите во јавноста, без да го почитувате мислењето на вашите колеги. За да избегнете потешкотии, бидете активни. Вашата гордост и желба за признание ќе ве оттуѓат од вашите пријатели и колеги. Не се возгордувајте, доколку бидете пофалени.
СТРЕЛЕЦ
Денеска сте во променливо расположение, што ве повредува. Во првата половина од денот работата ќе ви се одвива, и сте спокојни и весели. Решете ги вашите проблеми на работното место. Планирајте патувања. Во попладневните часови препуштете се на опуштени деловни разговори, но не обидувајте се да ги надминете своите можности, бидејќи ќе го предизвикате вашиот неуспех.
ЈАРЕЦ
Добро е да размислите и да одговорите на прашањето што точно сакате да постигнете на вашето работно место, без да се експонирате и да се оптоварувате со огромни задачи. Имате можност повторно да го проширите кругот на познаници и да ги решите старите проблеми благодарение на новите деловни партнерства.
ВОДОЛИЈА
Ќе ги покажете своите способности. За време на разговорите, секогаш давајте ѝ на другата страна право на мислење. Вашиот авторитет ќе порасне ако покажете тактичност и трпение. Зголемените материјални аспирации ќе ви донесат високи приходи, доколку сте активни и не одбивате дополнителна работа.
РИБИ
Во ваша полза е да го започнете денот без ништо да планирате. Бидете задоволни со постигнатото, дури и ако не е она што сте го очекувале. Расположението ви е добро. Изненадувачките средби и познанства ќе ве збогатат со корисни информации поврзани со вашиот професионален развој. Не ги пропуштајте, поради грижите коишто ненадејно ве обземале.