ОВЕН
Инвентивни сте, сестрани и полни со идео, па големи се шансите тоа добро да го наплатите. Меѓутоа, за да остварите некои поголеми цели нешто мора и да жртвувате, а тоа е најверојатно нешто што е поврзано со вашиот приведн и љубовен живот.
БИК
Во можност сте да ги интензивираните работите на проекти кои веќе долго се обидувате да ги завршите. Тоа подразбира дека извесно време ќе морате да извршувате две одделни но подеднакво важни работи. Малку трид на долги патеки носи успех.
БЛИЗНАЦИ
Не ви е јасно како успеавте да ја пропуштите понудата којашто неодамна ви се излизга. На таа тема ве очекува разговор во кој нема да ви биде пријатно. Доколку подготвено ја поднесете критиката и понудете логично објаснувањњ, можноста не е загубена.
РАК
Барате начин како да ги оправдате причините поради коиште се наоѓањте сѐ уште во местото од кое многумина ваши соработници одамне заминаа. Трудот ќе биде награден, но поради претераната желба нешто да истерате до крај, резултата на крајот ви сстанува неважен.
ЛАВ
Денеска сте слаткоречиви кон сите. Вашето добро расположение, всушност, е маска за чувството на несигурност коешто во обзема. Потсвесно посакувате со своите добронамерни коментари да ги мотивирате другите луѓе да ви возрватат исто. Ќе се разочарате се.
ДЕВИЦА
Лошите односи во вашата работна средина стануваат неподносливи, па не ви преостанува ништо друго туку да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесни сте дека со заминувањето ќе ја компликувате веќе незавиндата финансиска ситуација.
ВАГА
Можни се проблеми во љубовните односи. Во минатото ја славевте малата победа со која на партерот му дадовте на знаење каде му е местото. Денеска тоа доаѓа за наплата, а вашиот авторитет може да биде разнишан доколку своето его не го зауздате навреме.
ШКОРПИЈА
Претераното мечтаење може да ве воведе во искушени е на поверувате во брза парична добивка. Во тоа може да ве втурне разговор со лице кое се наоѓа во странство, а коешто според темпераментот е многу слично на вас. Не се занесувајте со илузии, и држете се до реалноста.
СТРЕЛЕЦ
Ситуацијата на работното место се менува, но вие останувате настрана. Поради тоа ќе ве обземат стравови и преиспитувања дали нешто сте згрешиле. Не грижете се, тоа што никон не ве повикува не е лош знак, напротив. За вас е добро што моментално никому не му пречите.
ЈАРЕЦ
Не ги прифаќате туѓите мислења, дури ниту по цена вашите ставови да ве однесат во големи проблеми. Во текот на попладнето ќе ви дојде важна вест која може значително да влијае на исходот на вашите деловни планови. Совладајте ја вашата суета, прифатете ги советите на соработниците.
ВОДОЛИЈА
Обврските од вас бараат концетранција и целосен ментален ангажман. Ве фрустрира судирот меѓу должностите кон другите и потребата да со угодите себеси. Доколку пронајдеме задоволство во работата, ќе се ослободите од грчот а сао самото тоа и од непријатното чувство дека сте искористени.
РИБИ
Принудени сте часови да минувате во круг на луѓе кои не ви укажуваат почитување коешто вие мислите дека го заслужувате. Нивното игнорирање не е злонамерно, станува збор за лица чијшто интерес немаа допир со ваштите, па затоа не сте интерсни ниту да ве проценуваат.