Дневен хороскоп за понеделник, 12-ти декември 2022-ра

ОВЕН
На многу начини, имате основа да го поднесете вашиот случај кај работодавецот за повисоки плати. Вашиот професионализам е докажан, не чекајте да ви биде понудено, барајте го вашето право. Нема да ве чини никаков напор, само направете го тоа. Доколку имате време, погрижете се за претстојниот ангажман кој бара посебна подготовка.

БИК
Уживате во добро завршената работа. Не ѝ останувајте должни на личност којашто се однесува нељубезно со вас. Голем дел од времето ќе го посветите на саканата личност со која ќе имате незаборавни заеднички моменти. Расположението значително ќе ви се подобри и денот може да биде уште поинтересен отколку што очекувавте.

БЛИЗНАЦИ
Ќе работите на своите приоритети, притоа неотфрлајќи ја можноста за забава. Денот повикува на тоа и не ги обвинувајте другите ако одложите некои од вашите задачи. Други, пак, ќе ја нагласат својата професионална обука, земајќи го предвид недостатокот на информации и специјализирани знаења.

РАК
Бидете пореални во врска со личните контакти и нема да бидете измамени подоцна. Изборот за денеска е само ваш и на вас е да го направите вашиот одмор поисполнет. Не заборавајте ги обврските кон семејството и најблиските. На вас се полагаат надежи, и не смеете да разочарате.

ЛАВ
Гледајте ведро на предизвиците околу вас, тие доаѓаат да ви покажат дека имате квалитети кои не ни знаете дека ги поседувате. Ќе ве поттикнат да работите и да успеете. Менаџерски функции ќе добијат оние кои ќе успеат да ја подобрат организацијата и ефикасноста на работата во тим.

ДЕВИЦА
Бидете потолерантни кон другите, за да можете да го разберете нивното гледиште и да спречите можни недоразбирања. Дома не дозволувајте вашата пресилното критизерство да го расипе расположението и на вашите најблиски. Грижете се и за вашите лични потреби. Имате одамна задоцнети лични обврски.

ВАГА
Потребата да се справите со повеќе од една и две задачи денеска ќе ве направи похрабри и подрски. Нема да изгубите со таквото однесување сѐ додека вашите образложенија бидат аргументирани. Вестите ќе ве турнат на следниот предизвик и на крајот од денот ќе си честитате успех. Доаѓа посакуваниот одмор.

ШКОРПИЈА
Вашата деловна острина ќе се активира и ќе ве стави во контакт со вистинските луѓе. Вашиот конструктивен однос кон подароците што ги носи денот ќе ви помогне да ја доведете вашата работа до успешна завршница. Ќе уживате во блискоста со саканата личност. Претстојните настани ќе ги зајакнат вашите духовни достигнувања и ќе ви го отворат патот за нови потраги.

СТРЕЛЕЦ
Не очајувајте доколку работите се во застој. Ви претстојат успешни зделки, на кои мора да продолжите да работите. Загриженоста за вашите најблиски ќе се покаже напразна, но вашето здравје ќе ве потсети дека ви треба повеќе внимание за себе. Не сметајте на тоа дека сè ќе се поправи самото од себеси, внимавајте.

ЈАРЕЦ
Имате добри очекувања за развојот на вашите работи и нема да се разочарате себеси или оние кои ви веруваат. Ќе добиете добра награда од завршената задача или за учество во проект чиј краен резултат е достапен. Вашето влијание врз другите е позитивно.

ВОДОЛИЈА
Вашата работа денеска ќе биде поврзана со луѓе со коишто досега не сте соработувале. Тоа ќе создаде одредени непријатности, но може да ви открие и нови предности. Ве привлекува личност со која не се плашите отворено да флертувате. Многу пријатни емоции ќе ви донесе вечерта кога ќе имате можност да се опуштите.

РИБИ
Со вашиот професионален пристап кон деловен проблем ќе ја создадете потребната организација и услови за негово поволно решение. Не ги потценувајте квалитетите на вашите партнери, работете за вашите заеднички интереси и живејте во мир со себеси. Не бидете сомничави или барем не покажувајте го тоа.