
ОВЕН
Бидете пријателски расположени со другите, бидејќи вашето присуство е важно за нив. Покажете посветеност на нивните проблеми и разгледајте го и нивното мислење. Ќе ви биде потребна нивната поддршка и во иднина. Очекувате премногу од врската со личност која е несериозна и стои настрана од вас.
БИК
На најдобар начин ја завршувате задачата со којашто се занимавате долго време. Не штедете напори за да бидете задоволни со себеси и навистина ќе успеете. Ќе уживате во добри вести поврзани со вашата сакана личност. Би било добро доколку посветите повеќе внимание на одреден здравствен проблем. Некои од вас наскоро ги очекува патување.
БЛИЗНАЦИ
Еден посебен потфат ќе биде тест за вашите реакции и размислувања, наложувајќи брзо дејствување. Ќе се мобилизирате и ќе се справите со предизвикот. Следете ја сопствената логика, убедувањата и водени од вашата волја ќе стигнете таму каде што сте тргнале. На патот бидете посвесни за ефектот од вашето однесување врз блиските.
РАК
Не си поставувајте повеќе задачи истоврмено доколку сакате да ги завршите денеска. Бидете пријателски расположени, па ќе им дадете пример на оние околу вас да бидат весели, да не се чувствуваат потценети и искористени. Ќе доживеете пријатни моменти поврзани со добри лични достигнувања. Други, пак, ќе патуваат, враќајќи се од далеку.
ЛАВ
Направете вистинска проценка на настаните околу вас и донесете ги најисправните одлуки. На овој начин ќе се мобилизирате и ќе можете да ги завршите сите ваши обврски денеска. Подароците што ќе ги добиете ќе ве направат пољубезни и понежни. Бидете внимателни и израдувајте ги луѓето околу вас.
ДЕВИЦА
Денеска ве очекува пријатен и мирен ден, без дополнителна напнатост. Добрата финансиска состојба ќе ви помогне без стрес да ги подмирите вонредните трошоци кои се наѕираат. Вашите идеи во деловната сфера се доста ветувачки и ќе ви донесат успех.
ВАГА
Вашата претерана активност денеска ќе ви донесе замор. Комуникацијата повеќе ќе ве оптоварува отколку што ќе ви помогне. Размислете за вашата стратегија и одложете ги вистинските активности за поповолно време. Преземете мерки за заштита на вашиот дом. Тоа предизвикува нездрав интерес и можни се неволји.
ШКОРПИЈА
Вашите постапки денеска се карактеризираат со самодоверба и смиреност кон сè што ве опкружува. Имате конкретни идеи поврзани со вашата работа и постепено ги спроведувате. На личен план ве очекуваат промени кои наскоро ќе направат да се чувствувате многу подобро. Уживате во голема среќа.
СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете расположени и со задоволство ќе одговорите на нечија молба. Пријатно изненадете го вашиот партнер со подарок или друг гест на внимание. Ве очекуваат понуди, не брзајте да ги одбиете. Консултирајте се со покомпетентните од вас и потоа донесете ги вашите одлуки.
ЈАРЕЦ
Со вашето добро расположение ќе создадете удобност за оние околу вас и ќе направите сите да се чувствуваат добро. Имате задачи поврзани со бизнисот и домот, затоа почнете рано и погрижете се да ги завршите денеска. Во вашите деловни активности, можете да се потпрете на партнери и истомисленици.
ВОДОЛИЈА
Денеска заложете ги вашите насочени напори во одредена активност и нема да зажалите. Не се откажувајте пред тешкотиите, нека ви бидат поттик да продолжите. Вашите комбинирани дејства може да имаат неверојатен резултат. Ова секако ќе биде случај ако ги придобиете вистинските луѓе на ваша страна.
РИБИ
Ослободете се од вашите вознемирени мисли, немате причина да се грижите. Работите ќе ви бидат средени според вашата програма и со малку труд ќе постигнете видлив резултат. Вашата упорност и напорна работа ќе ве наградат со посакуваната придобивка. Ќе бидете весели и, што е најважно, ќе има со кого да ја споделите вашата радост.