ОВЕН
Работа: Можно е во текот на денешниот ден да имате грижи за работа и нема нималку да ви биде лесно да ги решите.
Љубов: Сте се повлекле во себе и не можете да го остварите сето она што сте го сакале во комуникацијата со партнерот.
Здравје: Чувајте ги бубрезите.
БИК
Работа: Размислувате да ставите точка на одредена соработка која не ви се покажала како корисна.
Љубов: Сметате дека партнерот е тврдоглав и не ви е лесно да излезете на крај.
Здравје: Потребно е редовно да јадете.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Немате доволно трпение и затоа правите грешки на работното поле. Можно е многу работи да ве оптоваруваат.
Љубов: Потребно ви е повеќе разбирање и толеранција од страната на партнерот кој е прилично груб.
Здравје: Одморајте повеќе.
РАК
Работа: Ви се случуваат промени кои не може да ги избегнете и потребно ви е време да се прилагодите.
Љубов: Може да се каже дека сте многу збунети и не можете да ги разберете желбите на партнерот и реакциите.
Здравје: Ќе ви годи физичка активност.
ЛАВ
Работа: Важно е да бидете подготовени да прифатите одредени ограничувања кои моментално постојат кај вас на ова поле.
Љубов: Потребно е повеќе да се трудите за да може да го стабилизирате односот со саканата личност.
Здравје: Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа: Имате големи апетити и амбиции кога е во прашање работата. Сакате да напредувате и да бидете успешни.
Љубов: Саканата личност на некој начин ве провоцира и лесно доаѓа до караници и несогласувања меѓу вас.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
ВАГА
Работа: Можно е понекогаш да немате доволно концентрација и не ви е лесно да го исполните сето она што од вас се очекува.
Љубов: Поволен ден за нови познанства.
Здравје: Проблеми со нервозата.
ШКОРПИЈА
Работа: Ако се занимавате со приватна работа, ве очекува период во кој ќе имате мали компликации и отежнувања.
Љубов: Сосема отворено ги покажувате своите чувства кон саканата личност и се надевате дека се возвратени.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ве очекува поволен ден за почнување на нови работни случувања и промени.
Љубов: Многу сте емотивни и сакате да создадете сигурна и топла атмосфера со саканата личност.
Здравје: Колената и нозете ви се чувствителни.
ЈАРЕЦ
Работа: Ве очекуваат голем број обврски. Нема да ви биде лесно да организирате се, ќе ви треба помош.
Љубов: Имате одличен однос со саканата личнсот и среќни сте крај нејзе. Подготвени сте за брак.
Здравје: Добро се чувствувате.
ВОДОЛИЈА
Работа: Очекувајте шанса да се врабогите. Пред вас е период во кој ќе бидете задоволни со работните околности.
Љубов: Активни сте на полето флерт и уживате во вниманието кое го добивате.
Здравје: Хронични проблеми.
РИБИ
Работа: Очекувајте подобрување на заработката во следниот период. Ве очекува добра фаза за работното поле.
Љубов: Ве очекува позитивен ден за однос со саканата личност. Двајцата ќе остварите брак.
Здравје: Добро.