Дневен хороскоп за сабота (13.07.2019)

ОВЕН

Работа: Не е поволен ден за работа затоа што нема да можете да ги остварите вашите планови. Потрудете се тоа да не ве фрустрира.

Љубов: Очекувате средба со саканата личност и ќе имате желба со неа да остварите подобар однос.

Здравје: Проблеми со несоница.

БИК

Работа: Очекувајте сосема добар ден на полето работа. Среќата е на ваша страна и се ќе биде во ред.

Љубов: Денешниот ден може да ви донесе интересно познанство. Можно е да се работи за личност од блиското опкружување.

Здравје: Добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Промени ве очекуваат. Ќе бидете задоволни од нив, иако на почетокот ќе бидете малку збунети.

Љубов: Ве чека шанса да ја дефинирате ситуацијата со саканата личност и да покажете во кој правец сакате да оди вашата врска.

Здравје: Водете сметка околу забите.

РАК

Работа: Очекувајте дека околностите на ова поле ќе ви бидат генерално поволни. Пред вас е добар период.

Љубов: И понатаму не сте подготвени за почеток на сериозна врска, а личноста која ве сака, сака да биде со вас.

Здравје: Во добра форма сте.

ЛАВ

Работа: Можно е да успеете да ги решите своите проблеми на ова поле и сега ви е потребна помош.

Љубов: Поради суетата ќе имате доста потешкотии во емотивниот однос.

Здравје: Внимавајте на храната.

ДЕВИЦА

Работа: Можно е да успеете да ја добиете работата која сте ја очекувале. Пред вас е поволен период за промени на ова поле.

Љубов: Подготвени сте да се посветите на саканата личност и со нејзе да градите стабилна иднина.

Здравје: Можни проблеми со бубрезите.

ВАГА

Работа: Голем број на обврски ве очеквуаат. Можно е дека ќе немате шанса се да завршите на време.

Љубов: Здодевно ви е и сакате емотивни промени. Не сте навикнале на самотија и тоа ви пречи.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.

ШКОРПИЈА

Работа: Не би требало да се грижите околу работните случувања, сите околности на крајот ќе се свртат во ваша корист.

Љубов: Ако сте слободни, пред вас е период во кој ќе имате почеток на врска.

Здравје: Ќе ви годи занимавање со спорт.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Може да очекувате дека ќе успеете да ја стабилизирате финансиската ситуација и дека ќе бидете задоволни од вашата ситуација.

Љубов: Подготвени сте да се посветите на добра комуникација со вашата сакана личност.

Здравје: Водете сметка околу бешиката.

ЈАРЕЦ

Работа: Пред вас е поволен период за преговори во кои би можеле да остварите голем успех.

Љубов: Подготовени сте поотворено да разговарате со својата симпатија и да и ставите до знаење дека имате чувства кон неа.

Здравје: Проблеми со нервниот систем.

ВОДОЛИЈА

Работа: Решавањето на проблемите на ова поле би можело да ви оди од рака денеска. Потрудете се да го дадете својот максимум.

Љубов: Чувствата кои ги имате кон партнерот можат да бидат променливи.

Здравје: Внимавајте на своето срце.

РИБИ

Работа: Иако не започнало се’ онака како што сте сакале, на крајот ситуацијата ќе се сврти во ваша корист.

Љубов: Неодлучни сте и ви се чини дека со партнерот со кој сте во моментов нема да стигнете далеку.

Здравје: Чувствителна бешика.