ОВЕН
Работа: Правите работни планови врз тоа како се чувствувате, а не врз основ на фактите. Ако сега не ги смените, ќе морате тоа да го направите во иднина.
Љубов: Размислувате околу симпатијата, и правите стратегија како да ја освоите.
Здравје: Можни се алергии.
БИК
Работа: Се е како што треба да биде. Работата нормално се развива, целите се јасни и достапни. Нема никакви тешкотии при реализација на плановите.
Љубов: Вљубени сте и не гледате друга личност освен партнерот. Имате впечаток дека е идеален.
Здравје: Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Имате впечаток дека подобро се разбирате со странските соработници, од колегите во форма.
Љубов: Не сакате да се соочите со проблеми во бракот. Ниту партнерот не го сака тоа. Се преправате дека се е во ред.
Здравје: Проблеми со синусите или главоболка.
РАК
Работа: Работа имате повеќе од обично. Вам тоа не ви е проблем. Организирани се и експедитивни, со што се одработувате на време.
Љубов: Емоциите ви проработиле, но се плашите отворено да ги покажете на партнерот.
Здравје: Солидно здравје.
ЛАВ
Работа: Ве очекуваат проблеми со законот. Лош ден за излегување на рочиште или било какви други правни обврски.
Љубов: Атмосферата во бракот е лоша. Партнерот е во минус фаза, негативен. Вие немате сила за него.
Здравје: Нестабилен притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Изненадувачки проблем целосно ги ремети вашите планови. Немате друг избор па се фокусирате на решавање на проблемите, иако тоа не ви било во план.
Љубов: Затворени сте кон брачниот партнер, како и тој кон вас.
Здравје: Ве мачи реума.
ВАГА
Работа: Ве очекуваат преговори. Бидете внимателни. Најдобро е да го проверите кредибилитетот на соработниците
Љубов: Во целост сте фокусирани на брачниот партнер.
Здравје: Внимавајте на исхрана.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве очекуваат работни преговори во текот на кои ќе брилијирате. Јасно ги изложувате идеите, како и неговите бенефиции, и оставате впечаток на личност која добро се носи со фактите.
Љубов: Сте го идеализирале партнерот, а да не сте свесни поради тоа.
Здравје: Стабилно здравје.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Држите се под контрола. Работната ситуација е стабилна.
Љубов: Ве очекува ново познанство. Другата страна остава позитивен впечаток на вас, особено неговата енергија, самодоверба и оптимизам.
Здравје: Имунитетот е јак, здравјето солидно.
ЈАРЕЦ
Работа: Со многу ентузијазам и енергија се посветувате на работните обврски. Правите нови планови кои не се базирани на факти.
Љубов: Интересно познанство е пред вас.
Здравје: Можни се алергии.
ВОДОЛИЈА
Работа: Целата своја енергија ја вложувате во работа. Вредни сте, амбициозни и сакате што порано да ги одработите работните цели.
Љубов: Не сакате брачниот партнер дознае какви се финансиите, за да не дојде до конфликт.
Здравје: Солидно здравје.
РИБИ
Работа: Натпреварувачки сте располложени. Фокусирани сте на работни обврски и сакате да покажете како ги одработувате во краток временски период.
Љубов: Задоволни сте од врската. Ви годи поддршката од партнерот.
Здарвје: Имате проблем да заспиете на време.