Дневен хороскоп за сабота, 16-ти април 2022-ра

ОВЕН
Ве измачува сомничавоста, па подигнувате ѕидови околу себеси. Наместо љубомора, приберете се и повратете си ја самодовербата. Партнерот повеќекратно ќе ве награди, а вие ќе пронајдете нова љубов во себе, онаа за којашто мислевте дека не постои. Верувајте во себеси и ќе успеете.

БИК
Можни се потези коишто од темел ќе ја промената вашата професионална патека. Доколку размислувате за позајмување пари, најдобро ќе биде да се откажете, бидејќо по потпишувањето на договорот ќе ве очекува непријатна клаузула која не сте ја забележале навреме.

БЛИЗНАЦИ
Се соочувате со дисбаланс меѓу она што рационално го знаете и она што интуивно го чувствувате. Се колебате, премногу луцидно е да донесете важна одлука темелена само на чувствата, без начини тоа да го докажете. Никому не му се правдајте, вашиот суд е непогрешлив.

РАК
Прифативте обврски коишто не се во согласност со вашата природа. Се тешите со тоа што на сето тоа гледате како на привремен проект, којшто кога ќе заврши ќе носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен и партнерот, бидете претпазливи, поделбата на улогите би можело да премине во навика.

ЛАВ
Имате шанса во текот на денот да ви се укаже можност да го преземете водството во еден деловен потфат кој е во подготовка. Доколку внимателно се организирате и не ги потрошите попусто своите потенцијали, оваа можност би можело да прерасне во животна.

ДЕВИЦА
Оптоварени сте со работата. Иако атмосферата е тензична, вашата нестрпливост може дополнително да ја отежне позицијата, не само за вас, туку и за опкружувањето. За да ги избегнете непријатностите мора да им одолеете на бројни искушенија и провокации. Не влегувајте во непотребни дискусии.

ВАГА
Под голем притисок сте. Вие треба да ги спроведете одлуките кои не се однесуваат само на вас. Од друга страна, потребна ви е поддршка од партнерот, но не ја добивате. Можеби ова е можност да преземете целосна одговорност и самите да ги завршите работите.

ШКОРПИЈА
Можете да одиграте значителна улога и да го ублажите непремостливиот јаз меѓу членовите на вашето семејство. Тоа значително би ви го подобрило расположението и би ви ја повратила разнишаната самодоверба, коишто можеби во изминатиот период потајно ве измачувало.

СТРЕЛЕЦ
Ви претстои финансиска добивка поради што ќе посакате да го засилите темпото. Не се залетувајте и не товарете се со дополнителни обврски, туку позитивната енергија потрошете ја во кругот на семејството, бидејќи тоа е полето коешто ве исполнува и исцелува.

ЈАРЕЦ
Доколку имате некои проблематични односи коишто досега не сте ги расчистиле, денот ви нуди решение. По прераспоредувањето на задолженијата, ви следува пријатно изненадување, бидејќи ви пристигнува неочекувано поттикнување од личност којашто не ви беше симпатична.

ВОДОЛИЈА
Нешто што го држевте во тајност денеска може да излезе на површината. Без оглед на тоа што внимателно сте го подготувале секој детал, токму сега ќе откриете низа грешки поради коишто целиот ваш план ќе биде доведен во прашање. Не паничете, успехот е извесен.

РИБИ
Од страв да на ја разнишата привидната стабилност во врската, сета вина ја преземата врз себеси. Можете да влезете во сериозен судир, бидејќи сте ја прецениле својата трпеливост. Промените во приваниот живот ја нарушуваат и рутината во вашето работно секојдневие.