Дневен хороскоп за сабота, 16-ти декември 2023-та

ОВЕН
Вашите лични и професионални проблеми воопшто не го заслужуваат вниманието што им го посветувате. Само бидете компромисни и умерени, што се совпаѓа со наложувањата на ретроградниот Меркур. Напорите се успешни. На работното место оставате впечаток со вашата активност, што ќе ви помогне да се справите со вашите задачи. Не преземајте службено патување.

БИК
На вашето работно место денеска сте активни и самоуверени, но способни сте и да си наштетите, бидејќи сте недоверливи поради ретроградниот Меркур. И покрај овој факт, не преземајте нов почеток, туку завршете ги задачите што сте ги започнале. Не се впуштајте во необимслени промени. На личен план, промената во вашето однесување е задолжителна.

БЛИЗНАЦИ
Тешкотиите на работа ќе ве заштитат од грешки, но и од ризични потфати. Не делувајте импулсивно во периодот на ретроградниот Меркур. Мора да донесете брзи, но разумни конечни деловни одлуки, бидејќи нивното одложување е на ваша штета. Смиреноста е задолжителна, доколку сакате успешно да ги водите разговорите и да се наметнете.

РАК
Конфликтите поради недоразбирањата во семејството, поттикнати и од ретроградниот Меркур, ќе ви ја блокираат желбата за активности. Во исто време, се стремите кон признание по секоја цена. Денот е успешен за оние од вас кои работат во интелектуалната сфера и се занимаваат со научни случувања. Завршете ја работата што ја започнавте уште од утрото.

ЛАВ
Пречките се надминливи, но само доколку не пројавувате агресија во периодот на ретроградниот Меркур. Вашето одбивање да ги прифатите предлозите од колегите би резултирало со финансиски загуби. Не покажувајте ја вашата огорченост и бидете љубезни, но не потклекнувајте под притисокот од вашите најблиски да направат преправки во домот за да избегнете проблеми и повреди.

ДЕВИЦА
Од зависи дали ќе ги избегнете проблемите што може да си ги предизвикате со тоа што не можете да одлучите како да го планирате вашето време во текот на владеењето на ретроградниот Меркур. Ако работите активно во текот на денот, препуштете се на забавата навечер. Подгответе ги договорите за назначување на нови вработени и финансиските документи што сакате да им ги презентирате на вашите партнери на потпис.

ВАГА
За време на ретроградното движење на Меркур, не пропуштајте да ги поправите односите со околината, и личните и деловните. Ќе си го гарантирате мирот и идната поддршка, особено на работа, што ве радува бидејќи имате нови проекти и ви е питребна помош. Претпладнето обидете се да не обрнувате внимание на колегите кои се обидуваат да ја омаловажат вашата работа.

ШКОРПИЈА
Можеби ќе се наложи да ги разјасните односите, особено деловните, но разговорите нема да бидат пријатни бидејќи Меркур е ретрограден. Јасно е дека вашето расположение ќе биде минорно, но не треба да ја одложувате оваа задача. Завршете ја долго одложуваната работа до пладне и ќе си го расчистите патот до успехот преземајќи нови задачи, но внимателно и темелно.

СТРЕЛЕЦ
Чувајте се од грешките во однесувањето кои можат да се претворат во сериозни проблеми само затоа што дејствувате без размислување или сте емотивно импулсивни. Не влегувајте во конфликт кој не ве засега, бидејќи такво е влијанието на ретроградниот Меркур. Внимавајте на своите постапки за да не предизвикате нечиј негативен став. Ако имате сопствен бизнис, не ги критикувајте подредените.

ЈАРЕЦ
Од утрото сте агресивни и навредливи без причина, но можете да си наметнете умереност, наместо да ги критикувате и навредувате вашите сакани и да не ја сфаќате нивната оддалеченост, за што наскоро ќе зажалите. На работа одложете ги разговорите за да се спасите од конфликти поради вашата нервоза. Почетоците нема да ви донесат успех. Меркур е ретрограден.

ВОДОЛИЈА
Мора да работите до доцните часови, но тоа е во ваша полза. Не се жалете дека сте уморни. Не се фалете со вашите достигнувања за време на ретроградниот Меркур. Може да имате деловни разговори, но без да донесувате конечни одлуки без претходно уште еднаш да ги разгледате предлозите. Седете дома вечерта и препуштете му се на заслужениот одмор.

РИБИ
Напнатоста во односите со роднините ви штети и ви го одвлекува вниманието. Тешкотиите на работното место се причина поради која избегнувате разговори и пријатна дискусија дури и со колегите. Одложете ги особено за време на ретроградниот Меркур. По работниот ден, останете дома и легнете рано, ако се чувствувате под стрес и исцрпени.