Дневен хороскоп за вторник, 14 декември 2021 година

ОВЕН

Можни се проблеми во комуникацијата со блиските соработници. Сега не е време за тоа. Доколку сте во емотивна врска, треба да покажете малку поголема толеранција кон партнерот. Проблеми со синусите.

БИК

Проблемите на работното поле се таложат, но вие се уште не правите ништо за да ги решите. Добро се забавувате и убаво ви е со сегашниот партнер. Не размислувате за авантури. Настинка.

БЛИЗНАЦИ

Немате храброст да се соочите со деловните проблеми. Мора да бидете посилни и порешителни. Некои тешкотии во семејниот план влијаат на љубовниот живот. Имате многу сомнежи. Потребни ви се повеќе часови квалитетен и долг сон.

РАК

Го давате својот максимум во бизнис планот и смислувате позитивни решенија од кои сте задоволни. Саканата личност ви прекорува што сте ја запоставиле поради работата. Обидете се некако да најдете време за неа. Прекинете со цигарите!

ЛАВ

Се плашите дека некој се обидува да ја преземе вашата деловна позиција. Работете дополнително на вашите интереси. Очекувајте добри вести од саканата личност. Можно е да бидете задоволни од случувањата. Намалете го внесот на алкохол.

ДЕВИЦА

Сомнеж помеѓу две различни деловни понуди. Се препорачува да го изберете оној кој е финансиски посигурен. Партнерот во последно време се чувствува запоставено, како да ги ставате сите други луѓе пред него. Можен проблем со слухот.

ВАГА

Имајте ги предвид преголемите трошоци што ги правите. Прилив на пари речиси и да нема. Доколку сте слободни, ве очекуваат многу нови познанства, флертувања и интересни настани на љубовно поле. Проблеми со варењето.

ШКОРПИЈА

Забележувате некои неправилности во бизнисот со кој се занимавате, некој го заобиколува законот, а вие не знаете како да реагирате. Можете да очекувате интересен љубовен предлог од саканата личност. Чувствителен стомак.

СТРЕЛЕЦ

Имате многу идеи и желби, фантазирате, но во бизнисот сте многу пасивни. Предложете му на вашиот партнер романтичен состанок, прошетка, романтична вечера или патување во театар или кино. Стресот ви предизвикува здравствени проблеми.

ЈАРЕЦ

Можно е да добиете некоја нова интересна деловна понуда. Ве мачи љубомората на партнерот и мислите дека тој претерува. Немаш проблем тоа отворено да го кажеш. Склони сте на претерување на масата. Намалете ги порциите.

ВОДОЛИЈА

Ја чекате вистинската можност за важен разговор со претпоставените. Поставете се на вистинскиот начин, можете да очекувате подобрување. Ситуацијата на љубовен план постепено се подобрува. Уживате во пријатни моменти. Проверете ја тироидната жлезда.

РИБИ

Доколку не најдете рамнотежа меѓу многу обврски, ќе имате проблеми. Не сте добро организирани. Несигурни сте и затоа сите пофални зборови ви доаѓаат како мелем на раната. Намалете го внесот на масна и зачинета храна.