Дневен хорскоп за вторник (24.03.2020)

ОВЕН

Во текот на денешниот ден ве очекува поволен период за решавање на мали работни проблеми. На емотивен план ве очекува поволна фаза за нови заеднички одлуки со саканата личност. Проблеми врзани со крвоток.

БИК

Сте решиле поголем дел од важните обврски на ова поле. Денешниот ден ви носи прилика да се одморите и опуштите. Саканата личност ви е посветена и среќни сте кога сте заедно. Очекувајте поволен ден. Чувствителни бубрези.

БЛИЗНАЦИ

Функционирате под притисок и може лесно да дојде до проблеми на полето работа. Доста работи ве оптоваруваат. Ако сте слободни, денешниот ден ќе ви донесе шанса да запознаете нова личност. Пад на имунитетот.

РАК

Дошол моментот да донесете конечна одлука дали останувате на старата работа или одите на нова. Очекувајте интересни познанства. Поволен ден за почеток на нова врска. Чувствителен граден кош.

ЛАВ

Доколку се занимавате со приватна работа, ќе успеете да остварите значајно подобрување на материјален план. Брачниот партнер ќе ви биде максимално посветен. Наредниот период е поволен да го поправите вашиот однос. Солидно здравје.

ДЕВИЦА

Не ви е лесно да ги исполните очекувањата кои самите себе сте ги наметнале. Ниту вие не сте од камен, секој има право на грека. Можно е да ве очекува ново познанство со личност која ќе биде важна за вас. Проблеми со кожата.

ВАГА

Финансиската ситуација ви е неповолно прикажана. Ве очекува период во кој ќе имате проблеми со долгови. Пред вас е период во кој ќе имате доста пресврти со партнерот. Здравјето без проблеми.

ШКОРПИЈА

Можно е да имате мали проблеми во комуникацијата со соработниците. Доста тензии има во вашето работно опкружување. Можно е наскоро да влезете во врска која ќе трае на долги патеки. Потребен ви е сон.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е период во кој може да остварите значајни промени на полето работа. Сонувате за личност која ви се допаѓа долго време. Денеска би можело да ви се укаже прилика за контакт со неа. Несоница.

ЈАРЕЦ

Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на позитивни пресврти. Ако сте зафатени, можно е со саканата личност да немате добра комуникација. Внесувајте повеќе витамини и минерали.

ВОДОЛИЈА

Немојте да на ова поле да очекувате дека ќе ги остварите своите планови. Доста работи ќе ви се свртат. Можно е да ви е потребна дистанца од саканата личност за да сфатите што навистина чувствувате. Чувствителна кичма.

РИБИ

Промени на големите планови ве очекуваат. Ќе биде потребно да се прилагодите на околностите. Судбината ви е наклонета. Имате добар однос со саканата личност која е искрена кон вас. Вашата врска добро напредува. Избегнувајте алкохол.