„Дневник“: Двe основи по кои Јанева веднаш може да ги одземе снимките од Заев

Ќе се одважи ли специјалната обвинителка Kатица Јанева како надлежна за незаконски прислушувани разговори да ја искористи можноста дадена во членовите 194 и 195 од Законот за кривичната постапка да побара од судија наредба сама да ги одземе снимките што се уште ги поседува Зоран Заев без да чека тој самоволно да го направи тоа?, пишува Дневник.

Прашањето е многу логично ако се има предвид дека дел од 600.000 прислушувани разговори на 20.000 граѓани за кои Заев тврдеше дека ги чува како „своите очи“ се најдоа во рацете на веќе осудени криминалци, а сега осомничени во фабриката за афери. Kако што е познато, Заев пред само три дена тврдеше дека тој најдобро знае да ги чува снимките, кои имале чувствителна и доверлива содржина, за да ја заштити приватноста на прислушуваните граѓани. Еден ден подоцна во фолдер „СДСМ – Заев“ кај еден од осомничените во акцијата за фалсификувани документи беа пронајдени десетици илјади снимки, а објавена е и фотографија на осомничениот со Заев. Тој не негира дека му ги дал снимките на осомничениот, туку вели да се почека истрагата.

Што досега направи обвинителката?

Јанева досега го толерираше Заев и покрај изминатиот рок за предавање на снимките според Законот за заштита на приватноста. Изјавуваше дека нема потреба да му ги бара бидејќи му верува на дадениот збор на Заев од договорот од Пржино дека сам ќе ги предаде. Откако тој не ги предаде со образложение дека Јанева с` уште нема обезбедени услови да ги чува, а под притисок на јавноста таа се реши да го искористи членот 287 од Законот за кривична постапка и на 14 декември му напиша писмо во кое побара Заев да ~ ги достави снимките. Се работи за процедура, која повторно се базира на самоволно предавање предмети на обвинител.

dnevnik-janeva-zaev-1

Според овој член, јавниот обвинител може да бара контрола или привремено одземање предмети и документи што можат да послужат како доказ или да бара податоци што можат да послужат како доказ за сторено кривично дело или имот стекнат со извршување кривично дело… Субјектите до кое е упатено барањето се должни да му ги достават овие предмети, податоци, документи… без одлагање, а најмногу во рок од 30 дена. Ако тоа не го сторат во овој рок, јавниот обвинител може да му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 2.500 до 5.000 евра. Јавниот обвинител има право самиот да ги обезбеди и да изврши увид на материјалите што ги побарал.

Рокот за Заев за предавање на снимките по оваа основа истекува кон средината на јануари. Јанева се` уште чека лидерот на СДСМ сам да ги даде материјалите.

Втора опција

Но, во ситуација…