„Дневник“: Педесет метри го делеле Сашо Мицевски од шумскиот пат и од спасот

Околу 50 метри пат го делеле исчезнатиот Сашо Мицевски (50) од местото каде што беше пронајдено неговото тело на планината Бистра до вистинската патека, од која би излегол од непристапниот шумски предел и би се вратил во селото, дознава ДНЕВНИК од полицајците што биле на терен.

Kако што веќе информираше весникот, во петокот околу 15 часот, армиските „ренџери“ во месноста Испод Kош пронашле тело во фаза на распаѓање за кое се претпоставува дека е на исчезнатиот Сашо. Телото било пронајдено на околу 300 метри оддалеченост од местото каде што еден ден претходно во дол беше пронајдено телото на Љубомир Мицевски (78). Интензивната потрага по двајцата исчезнати и добро планираната акција траеше 15 дена.

Полицајците од ПС Ростуше и армиските „ренџери“ секојдневно по доста тежок и непристапен терен го пребаруваа секое камче на планината Бистра. Потрагата резултира кога во четвртокот попладнето, во непристапен дол беше пронајдено тело во фаза на распаѓање, за кое наредниот ден резултатите од обдукцијата во Институтот за судска медицина во Скопје потврдија дека е навистина на исчезнатиот Љубомир.

Целата вест прочитајте ја на ДНЕВНИК