„Дневник“: Кој состав на СДСМ ќе седне на собраниските клупи

На, две недели пред официјалното враќање на народните избраници од редовите на опозиционарите, сосема логично се поставува прашањето кој состав на СДСМ ќе седне на пратеничките столчиња. Договорот од Пржино кој беше постигнат на 15-ти јули годинава и со којшто практично се стави крај на повеќемесечната политичка криза во земјата, меѓу другото предвидува и враќање на опозицијата во Собранието на Република Македонија.

Весникот „Дневник“ во анализата позветена токму на оваа тема, го поставува прашањето дали народни избраници што ќе доаѓаат на работа од септември ќе бидат членката на највисокото раководство на СДСМ Рената Дескоска, портпаролот Петре Шилегов, генералниот секретар Оливер Спасовски, поранешните пратеници на СДСМ Марјанчо Николов и на НСДП Горан Мисовски, потоа Софија Kуновска, поранешна советничка на СДСМ во г. Скопје… или некој друг од другите опозиционери чии мандати беа верификувани лани на 10-ти јуни, односно се на листите со кои СДСМ излезе на изборите?

Инаку, овие прашања сосема логично, на две недели пред враќањето на опозицијата во Собранието се отвораат, бидејќи секој од избраните 31 пратеници од листите на СДСМ, на кои им беше верификуван мандатот лани во мај, поднесе одделна, лична, писмена оставка со која практично изјави дека не сака да биде народен избраник.

Нивните оставки, иако се замрзнати во собраниската процедура од претседателот Трајко Вељаноски, се уште се во важност. Ќе остане ли првиот состав на СДСМ доследен на оставките и ќе дозволи наредните од листите да станат парламентарци согласно договорот за враќање на опозицијата во парламентот на 1 септември? Или ќе ги повлечат оставките и ќе ја задржат платата од 1.200 евра, прашува „Дневник“.

Сепак, оставките на опозоциските пратеници никогаш не се реализираа. Владејачкото мнозинство преку собранискиот спикер Трајко Вељаноски првично ги одложи двете седници што се однесуваа на опозициските мандати на неопределено време. Првата седница за верификација на оставките беше одложена со најава дека тоа се прави во името на политичкиот дијалог. Седницата за одземање на мандатите, поради исполнување на уставниот услов – неоправдано отсуство повеќе од шест месеци, беше прекината поради необезбеден кворум од 2/3 мнозинство за гласање иако претходно собраниската комисија утврди дека се неоправдано отсутни и препорача одземање на мандатот.

Дали сегашниот состав на СДСМ во Собранието ќе остане доследен на ставовите?

Тука се поставува прашањето, дали пратениците како кадровски состав ќе останат доследни на своите ставови од пред 15 месеци дека не сакаат да станат народни избраници што ги поткрепуваа и со изјави во јавноста, но и со лични, поединечни правни акти во кои ја изразуваа ваквата своја волја?

Дали сегашниот состав на СДСМ во Собранието ќе остане доследен на ставовите?
Дали сегашниот состав на СДСМ во Собранието ќе остане доследен на ставовите?

Шилегов тогаш за „Дневник“ изјави: „Социјалдемократскиот сојуз јасно, гласно и недвосмислено кажа дека не ги признава резултатите од изборите од април годинава. Пратениците дадоа изјави дека не ги прифаќаат мандатите и откога насилно беа верификувани тие мандати, поднесовме писмени оставки“.

Најголемата опозициска партија во земјава, СДСМ засега не излегува со конкретен одговор кој пратенички состав ќе влезе во Собранието на 1-ви септември имајќи предвид дека оставките имаат важност.

За прашањата од техничка природа вистинската адреса е Трајко Вељаноски, кој и покрај неприфаќањето на мандатите од страна на пратениците од опозицијата насилно им ги верификува, прекршувајќи ги законот и Уставот. Таа апсурдна ситуација сега го доведува до нова апсурдна ситуација. Но, со оваа власт во заминување и тоа е можно, изјавуваат од СДСМ за „Дневник“.

Исто така, од партијата додаваат дека враќањето на пратениците на СДСМ и опозицијата во Собранието е дел од договорот од 2-ри јуни и 15-ти јули.

 Тоа го правиме за пратениците на СДСМ и опозицијата да учествуваат во сегментите на имплементацијата на договорот. Kако што е, на пример, гласањето за избор на Специјалниот обвинител, кој ќе ги истражува доказите за тешкиот криминал на Никола Груевски и неговите најблиски соработници, евидентни од содржините од прислушуваниот материјал. По ова ќе следува оставка на Никола Груевски од позицијата премиер на државата, објаснуваат од СДСМ како одговор на прашањето зошто се враќаат во парламентот иако не ги признаа резултатите од изборите.

770 илјади евра за 14 плати, а следува и 15-тата за недоаѓање на работа

770 илјади евра за 14 плати, а следува и 15-тата за недоаѓање на работа
770 илјади евра за 14 плати, а следува и 15-тата за недоаѓање на работа

Неколку дена откако на 1-ви септември ќе почне Собранието да работи во полн состав, прв пат по ланските избори, на пратениците од листите на СДСМ, кои во период од 14 месеци ниту еднаш не се појавија на своите работни места, ќе им пристигне 15-тата по ред плата од 1.200 евра.

Kако што е познато на секој народниот избраник, чиј мандат е верификуван, му тече стаж, му се плаќаат придонеси, но и му се исплаќа плата (околу 1.200 евра, односно околу четири просечни плати). Во согласност со пресметките за плата на пратеници, ова значи дека секој од пратениците од листите на партијата на Зоран Заев досега добил по околу 17.400 евра. Месечно за овие парламентарци Собранието троши по околу 55 илјади евра народни пари или досега вкупно неверојатни 770 илјади евра. Притоа опозиционерите земаат цел месечен доход без да им биде скратен ни денар поради нивното отсуство иако постојат одредби во собранискиот Деловник и во Законот за Собранието за казни за пратениците што неколкупати едноподруго нема да учествуваат во работата на Собранието и во неговите тела. Досега не беше искористена ни деловничката можност на пратениците што се во бојкот да им се исплаќа само една третина од платата, пишува „Дневник“.