Дневно ќе се вакцинираат по 5.000 лица на 48 пункта, се подготвува СЦ „Борис Трајковски

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во саботата ќе биде изведена симулација за вакцинација против Covid-19.

На симулацијата ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.

Предвидено е, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник V“ што ги донира Србија, да почне во понеделник во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 48 пункта.

Планот е дневно да се вакцинираат по пет илјади припадници и слуќбеници во полиоцијата иа војската, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Согласно планот, ќе се работи во две смени од 8 до 20 часот.