Популарното дуо ДНК, на сите музички и социјални платформи синоќа, ја објави најновата песна, преку импресивен видео спот, кој Панчо, Андреј и Теа Трајковска го снимија во 21st Century by Adora, еден од најубавите хотели и омилено место за престој на Златибор. „Амајлија“ изгледа и звучи магично моќно во престижниот бутик хотел на градежниот бренд Adora Business Group, кој работи со полна пареа, симболизирајќи ја успешната македонска бизнис приказна Адора во Србија.
„Снимањето на спотот се одвиваше на Златибор, во извонредниот хотел кој го изградија нашите пријатели од Адора. И, да бидеме искрени, полесен спот до сега не сме снимиле. Тоа е поради одличниот пречек од персоналот на хотелот, бидејќи сè што побаравме од нив, тие ни го овозможија. Не радува што познати македонски брендови успешно се шират и го потврдуваат својот квалитет и надвор од нашите граници, оставајќи силен и достоинствен печат во регионот, со што се развива и шири и нашата музичка култура“, изјавија момците од ДНК, Панчо и Андреј, кои во спотот се во придружба на атрактивната колешка Теа Трајковска, што плени со нејзината убавина и младост.
Импресивни се кадрите во 21st Century Zlatibor, кои ги доловуваат префинетите дизајнерски елементи во ентериерот и екстериерот на хотелот на Адора, што визуелно го оплеменуваат музичкиот спот за песната со симболично и впечатливо име „Амајлија“. Адора долги години го поддржува бендот ДНК, со кого ги поврзува иста, 22 годишна возраст и желбата за негување на македонската музика и култура, како дел од општествено одговорниот код на оваа докажана македонска компанија со интернационална репутација. Автори на „Амајлија“ се Панчо и Лазар Цветкоски, а режисер на спотот кој покрај хотелот на Адора, е снимен и на живописните падини на Златибор, е Даниел Јовески.
Погледнете го спотот за „Амајлија“ , кој веруваме дека ќе стане уште еден безвременски хит на ДНК.