На гласачкото место 2901 во скопската општина Чаир каде што во неделата се прегласува вториот круг од локалните избори, дo 10 часот на гласање излегле 4,45 отсто од запишаните избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Портпаролката на ДИК, Љупка Гугчевска, на прес-конференција информираше дека гласањето започнало навреме во 7 часот и оти досега гласаањето се одвива непрекинато. На гласање, како што кажа, до 10 часот излегле вкупно 32 избирачи.
Потсети дека запишаните избирачи од избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека досега до нив не е доставен ниеден ваков приговор.
На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплаттната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.
Следната пресконференција на ДИК е во 14 часот, на којашто ќе бидат соопштени информации за излезноста до 13 часот и за текот на гласањето.
Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.
На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи. Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа.
Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15-ти и на 29-ти октомври.