До 15 часот во Центар Жупа излезноста 32,8 отсто

Во општина Центар Жупа до 15 часот правото на глас го оствариле 2352 лица, што е блиску до исполнување на потребниот цензус од 2385 гасачи.

„До 15 часот правото на глас го остварија 2352 лица или 32,8 отсто од 7.154 колку што изнесува вкупното гласачко тело. Споредено со повторените избори во април годинава излезноста до 15 часот е поголема за 8,69 отсто. Членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори. До сега немаме никакви поплаки“, изјави Неџип Илјаз претседател на Општинска изборна комисија (ОИК).

Правото на глас денеска треба да го остварат 7.154 лица, а се гласа на 16 гласачки места.