![премин](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/mkd-420210.jpg?resize=696%2C415&ssl=1)
Денеска во периодот од 12 до 18 часот, според добиените информации од грчките погранични служби, забраната за влез на сите товарни моторни возила во Република Грција, на граничните премини „Богородица“ и „Стар Дојран“ е повлечена и сообраќајот се одвива непречено, а повторно ќе биде активна по 18 часот.
Ова не важи за граничниот премин „Меџитлија“, каде забраната за влез на товарни моторни возила во Република Грција преку овој граничен премин е активна во целиот период.
Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.