До 19 часот имало 38 пожари, 16 се активни, 6 се под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 19:00 часот низ државата имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои во моментов 16 се активни, шест се под контрола и 16 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај Јасен – викенд населба Белица каде гори борова шума; во Општина Ресен и Општина Охрид кај Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа каде гори нискостеблеста вегетација и букова шума, во Општина Долнени кај селото Дебреште, крак кон с.

Зрзе, како и крак кон с. Крапа, Општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева, во Општина Кичево кај с.

Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар – каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација, во Општина Кичево кај с. Патеец – с.

Козичино – с. Дупјани, проширен кон с. Горно Крушје, Општина Македонски Брод – борова и букова шума, во Општина Пласница кај с. Пласница – с.

Латово, Македонски Брод – нискостеблеста вегетација, во Општина Дебар има пожар кај с. Гари на планина Стогово каде гори мешана шума, во Општина Чашка кај с.

Мокрени гори нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума, во Општина Долнени кај с.

Небрегово гори нискостеблеста шума префрлен од Општина Чашка од планина Мукос и во Општина Македонски Брод кај с. Грешница каде гори мешана шума.

Исто така, активни пожари има и во Општина Крива Паланка на потегот Паланка – Саса, место Царев Врв, во Општина Куманово кај с. Черкезе гори стрниште и сува трева, во Општина Битола: с.

Кишава каде гори сува трева, во Општина Кочани кај Пониква гори сува трева од удар на гром во дрво, во Општина Пробиштип кај с. Неокази гори борова шума и сончеви панели и во Општина Пробиштип кај с.

Трипатанци – с. Ратавица – с. Бунеш. Под контрола се ставени шест пожари и тоа во Општина Маврово-Ростуше кај с. Врбен каде гореше мешана шума, во Општина Новаци кај с.

Полог – Брник –Рапеш – Паралово гореше ниска вегетација, деградирана шума, во Општина Македонски Брод кај с.

Девич местото Вртешка каде гореше мешана шума, во Општина Демир Хисар кај Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица каде гореше ниска вегетација, во Општина Делчево кај Депонија Делчево гореше депонија, во Општина Чашка кај с.

Папрадиште и с. Ореше каде гореше мешана шума. Од ЦУК посочуваат дека се изгаснати вкупно 16 пожари.