Во тек е реконструкција на два студенски дома, проектот е вреден 17 милиони евра. Тоа е студенскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, и студенскиот дом „Стив Наумов“, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Мицкоски вели дека до крајот на 2026 година ќе имаме навистина два два навистина репрезнтативни објекти, односно студенски домови.
-Таму комплетно се менува, инсталацијата, фасаадите, арматурата, начинот на затоплување и ладење, се монтират сончеви панели, енергетски ефикасни објекти и навистина за година и половина очекува, или кон крајот на 2026 година очекувам да имаме два навистина репрезнтативни објекти во кои што студентите ќе можат да живеат , да учат и да го унапредуваат своето знаење, рече Мицкоски.