До јануари 2025 ќе заврши целата експропријација за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10

На новинарско прашање во однос на постапките за експропријација за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски истакна:

„Во однос на експропријацијата има голем прогрес и можам да кажам дека за изградбата на Коридорите 8 и 10, до јануари следната година ќе заврши целокупната експропријација. Само за споредба, откако беше потпишан договорот, па се до мојот избор на министер, а тоа е период од 2 години, експропријацијата беше со прогрес од 25 %. За овие вкупно шест месеци ќе се завршат овие 75 % што многу зборува за посветеноста или ако сакате за најтешката делница Гостивар – Букојчани, популарно наречената Стража, до август месец беа завршени околу 400 постапки од вкупно 1.290 што треба да се завршат. Од тие 400 до тие 1.290 ќе ги завршиме за следниве 5-6 месеци така што на крај на јануари целокупната експропријација на Коридорите 8 и 10-д, со исклучок на делот кој зафаќа заштитена зона во Охридското езеро, ќе бидат завршена”, изјави министерот Николоски.