Дојава за бомба добиле и 9 училишта од струшко, сите се лажни

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, Куманово и струшко, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје, две во Куманово и девет во струшко по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.