Дојава за бомба во Народна банка, вработените се евакуираат

На електронската пошта на вкупно 9 скопски средни училишта, но и на мејлот на Народна банка на Република Македонија денеска пристигнале дојави за поставени бомби, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Денеска во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на 9 средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат и мерки за расчистување на случаите. Исто така, денеска, во 10.10 часот и од Народната банка на Република Македонија (НБРМ) било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полициското соопштение.