Дојава за бомба во скопското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“

Дојава за подметната бомба денеска добиле во скопското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“, во населбата Кисела Вода.

По добиената пријава, преземени се мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки.

Вчера имаше дојава за поставена експлозивна направа во три скопски средни училишта: „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“ и „Никола Карев“. Заканата, која се испостави дека е лажна, пристигнала на приватни електронски адреси на 14 професори.