Дојава за бомба во ЈСП, автобусите не сообраќаат

Дојава за бомба добиле во Јавното сообраќајно претпријатие рано утринава.

Според нашите информации, пријавата била во раните утрински часови. Неофицијално, пријава пристигнала преку електронска пошта. На вработените не им е дозволено да дојдат до своите работни места до целосна проверка на просторот.

Автобусите не сообраќаат.Низ главниот град од утрово нa улиците е хаос. Патници со саати чекаат автобуси на станиците и не можат да стигнат на работниците места.

Единствено возат приватните превозници.

Извори од лице место велат дека екипи на Министерството за внатрешни работи се веќе на терен.

Инаку, вработените на ЈСП за денеска најавија протест поради неисплатени плати.