Евакуирани повеќе скопски училишта поради дојави за бомби

Рано утрово се евакуирани повеќе училишта поради дојави за бомби, дознава НетПрес.

Според првичните информации, меѓу евакуираните училишта се „Александар Македонски“ во Аеродром, „Димитар Македонски“, „Љубен Лапе“….

Но, дојави за бомби стигнале и во основното училиште „Петар Здравковски“ во Бутел, „Киро Глигоров“ во Центар, но и средното училиште „Јосип Броз Тито“. „Грлигор Прличев“ во Железара…

Сите ученици се евакуирани.

Од МВР потврдија дека имало дојави за бомби. Како што не информираа од Министерството екипите се на терен и во текот на денот ќе има официјална информација.