Дојави за бомби во основни и во средни училишта во Белград

Утрово околу 8 часот и 20 минути во основни и средни училишта во Белград пристигнале дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми.

Полицијата е на тие локации и трае проверката на тврдењата за поставени бомби.
Децата и вработените се евакуирани од училиштата.