Дојде денот – 8 мај последниот ден на предавството, криминалот и грабежот

Денот кога Албанците ќе имаат можност да си го тргнат од врат „врховниот командант“ претворен во врховен предавник до врховен криминалец. Под маската на мотото „Европски Фронт“ се собраа и најдоа заеднички јазик сите предавници, криминалци, лоповите и крвоцицачите на нивниот народ и „отпадоците“ на Турците, Бошњаците, Ромите и кој знае кои други со само една цел, да си ги бранат криминалот и нивните кражби. (Европа треба ургентно да се дистанцира од овие хиени, бидејки ќе дојде под прашање довербата во ЕУ). 

Во 23 години по ред, овие кои го користат европското знаме, го поделија, газеа, украдоа и го понижија овој народ.

Тие го донесоа во мизерна состојба образованието, културата, уметноста и спортот. Во мизерна состојба ги донесоа, училиштата и универзитетите, а со тоа и интелектуалците, професорите и наставниците кои ги претворија во партиски слуги. Оваа ситуација ја донесовте вие кои единствено Татковина и Бог имате во еврото. Вие кои голи ве најде денот, милионери ве најде вечерта. Ти кој од „врховен командант“ стана врховен предавник се до врховен криминалец!!! 

Ти кој во име на свежата крв на синовите и ќерките (маченици и ранети), потта, трудот и пожртвуваноста на народот, си формиравте партија со чудно име ДУИ. Лажејќи и изневерувајќи еден солиден број Албанци и неалбанци, од една партија белким за народот, направи партија за твојата фамилија и твоите криминални банди. 

После 23 години почна да врискаш УЧК, УЧК… барајки гласови за да си го продолжиш злосторството и бедата на Албанците, која е причината за масовниот егзодус. Од сета оваа несреќа која ни ја донесе овoj ѕвер наречен ДУИ на Али Ахмети и неговите банди… се случи чудо! 

Еден од главните водачи Изет Меџити, немајќи можност да си ја смени ужасната ситуација одвнатре, поради зголемениот криминал и корупцијата, го дигна гласот на совеста и им рече ДОСТА Е! Заедно со неколку другари и другарки, чесни и совесни луѓе, одлучија да се организираат и да им го спречат патот на предавниците, криминалците и антинародните крадци.

Поминувајќи во опозицискиот албански блок наречен ВРЕДИ, и покрај големите притисоци од криминалните структури, машинерија на теророт поставена веќе 23 години… овие луѓе се одлучни и храбри заедно со народот да си ја донесат големата ПРОМЕНА кај Албанците. Верувам дека вистинските Албанци кои имаат гордост и дигнитет, одлучија да им кажат НЕ на валканите евра, за да им ги купат гласовите и се одлучни да гласат, за да си го тргнат од врат, „врховниот командант“ претворен во врховен криминалец.

Автор: Беќир Синани