До ДИК поднесени 24 приговори за сумирање на резултатите од изборите

До 19 часот вечерва поднесени се 24 пријави за сумирање на резултатите од изборите, потврди Државната изборна комисија (ДИК).

Според информациите, две пријави поднела партијата ТМРО, една Алијансата на Албанците и 22 ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Со оглед дека општинските изборни комисии ги објавуваат првичните резултати од изборите во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори, рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува ноќва во 2 часот по полноќ, соопшти Државната изборна комисија.

Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање заврши вечерва до 19 часот.

До ДИК поднесени се 59 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право.