Доњецк: Странските платеници ќе бидат судени, нема да се третираат како воени заробеници

Властите на Доњецката Народна Република, при ослободувањето на својата територија, нема да ги третираат заробените странски платеници како воени заробеници, изјави за РИА Новости Едуард Басурин, претставник на Народната милиција на ДНР.

„Тие нема да бидат третирани како воени затвореници. Ќе бидат уапсени и изведени на суд“, рекол изворот.

Меѓународното право за вооружен конфликт не им дава на платениците права на воените заробеници.

Константин Гаврилов, шеф на руската делегација на разговорите во Виена за воена безбедност и контрола на оружјето, рече дека бројот на странски платеници во Украина достигна 6.500 луѓе, кои доаѓаат од 62 држави.
Според дипломатот, во текот на изминатите две недели, руските војници елиминирале околу 600 „војници на среќата“ со прецизно наведувано оружје, а повеќе од 500 ја напуштиле земјата.