Доњецк: Украинските националисти спречија евакуацијата на цивили од Мариупол

Украинските националисти денеска спречиле евакуацијата на цивилното население од Мариупол, соопштија од Доњецка Народна Република (ДНР).

„Денеска, 23 април, на барање на вицепремиерот на Украина Верешчук, руската страна организираше хуманитарен коридор и обезбеди транспорт за евакуација на цивилното население од Мариупол.

Оваа мирна акција беше спречена од украинските националисти, кои отворија оган од минофрлачи од територијата на комбинатот „Азовстал“ на прогласеното собирно место на граѓаните во близина на трговскиот центар Порт Сити на булеварот Шевченко.

Благодарение на професионалните дејствија на руската војска, која ја обезбедуваше безбедноста на местото на собирање граѓани, беше можно да се повлечат сите насобрани од гранатирањето и да се спречат повеќе цивилни жртви. Еден од војниците кои спасувале жени и деца е ранет.

Оваа провокација го потврдува фактот дека националистите се подготвени да ги жртвуваат своите сограѓани само за да ги дискредитираат хуманитарните напори преземени од руската страна.

Можно е вината за бројните жртви меѓу цивилното население, доколку оваа нехумана акција беше успешна, да беше префрлена на Русија и нејзините вооружени сили“, известуваат од ДНР.