До каде е истрагата за исчезнувањето на Вице Заев од кривична пријава за рекет во РЕК, прашува опозицијата

Љупчо Николовски треба да одговори зошто како вицепремиер одговорен за борба против корупција уште не истражил и нема разрешница за тоа како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК, зошто Вице не е повикан во ЈО, но и зошто случајот стои замрзнат?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога ќе одговори за Вице, нека каже и зошто Ден Дончев наместо на истражна клупа се наоѓа на слобода? Но и до каде се случаите со Драги Рашковски кој беше фатен инфлагранти во криминал и местење на тендери?

Од вицепремиерот се очекува да каже и до каде се случаите со Лидија Димова.

Одговори чекаме и за провизиите на Венко Филипче од вакцините, матните тендери во здравството и сите пропусти на министерот смрт Филипче.

Долга е листата за истраги и процеси кои се закочени или воопшто не се отворени. За сите овие криминали ќе има одговорност. Заев и Николовски може само времено да ја одложат, а со тоа дополнително да се инкриминираат“, стои во партиската реакција.