До крајот на годината уште два мега паркови во Скопје

Груба манипулација се изјавите во јавноста. Не го собира на една фотографија сметот во висина од околу 3 метри и машините кои работат, вели градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во денешното гостување во Жешко политичко лето, одговарајќи на прашање дали навистина само 8 камиони отпад биле исфрлени од поранешната дива депонија во Ѓорче Петров.
Арсовска најави уште два мега паркови во Скопје до крајот на годината.

Градоначалничката  порача дека секој еден човек којшто живее во непосредна близина може да посведочи за оваа активност на градот и каква била сликата порано кога постоела дивата депонија, а како е сега.

„Јас сметам дека човек може да каже дека на тоа место не треба да има парк само ако има личен, лукративен интерес, односно некој којшто сака пари да прави од таа депонија која беше таму. Не постои човек во Македонија којшто ќе ви каже дека е подобро да имате депонија, отколку мега парк. Се е исчистено и верувам дека за добробит на скопјани е да имаме што е можно повеќе зелени површини. Пет мега паркови отпочнуваме, а ова е првиот. Ќе следат уште две најави до крајот на годината и до крајот на следната година веќе сите пет ќе бидат реализирани”, изјави Арсовска.