До крајот на годнината 21 бугарско здружение во Македонија

Во Македонија се очекуваат најмалку 21 бугарско здружение во 17 градови. Според извештајот на бугарската „Фондација Македонија“, нови бугарски клубови и здруженија во скоро време може да очекуваат стружани, прилепчани и стумичани, додека битолчани покрај опожарениот „Ванчо Михајлов“, веројатно ќе добијат уште еден,

„Во моментов има повеќе бугарски здруженија во процес на регистрација во градовите Струга, Прилеп, Битола и Струмица. Организирање на културниот живот на бугарите во Македонија е исклучително важно за зачувување и развој на бугарската култура во Вардарска Македонија. Фондација Македонија планира да го поддржи отворањето на 21 ново бугарско здружение во 17 градови во календарската 2022 година“, стои во извештајот на „Фондација Македонија“, пренесува телевизија

Според статутот на фондацијата, за своите операции и активности може да прими пари од бугарските власти, а својота соработка и координација со институциите на Бугарија не ги крие. Во една од сликите каде може да се видат претседателот на Фондацијата Стојанов и директорката на агенцијата за дијаспора на Република Бугарија, велат, разговарале за заедничките дејствија на западниот балкан.

Со цел унапредување на бугарската кауза во Македонија, решиле да формираат и политичка партија. Велат, веќе одржале повеќе од 100 состаноци, во 11 градови, а на пат е формирање на раководно тело на партијата.

„Фондацијата ја препозна потребата од создавање на единствена партија на Бугарите во Република Македонија, бидејќи ова е единствениот демократски инструментза вклучување на Бугарите во моќта и животот на државата, а со тоа и освојување на граѓанските и демократски права за бугарскиот народ на територијата ан Македонија“, стои во извештајот.

Во извештајот за нивнитие дејствија за бугаризација на Македонија, велат дека Стојанов протпатувал 40.000 километри низ македонските градови и села, да дели и разнесува бугарски книги, па како што тврдат, поделиле 50 тома литература, а целта била да донесат од Бугарија дури 10.000 тома.