
Кон крајот на јуни руските вооружени сили ќе ја формираат резервната армија, а во скора иднина и армиски корпус, кои ќе добигат повеќе од 3.700 единици воена опрема, најави во четвртокот министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
„Формираме резерви во составот на армискиот корпус, армии, плус пет полкови на 20-те тенковска армија. Таму сѐ се одвива според планот. Всушност, до крајот на јуни ќе го завршиме формирањето на резервната армија, а наскоро ќе го заокружиме и формирањето на армискиот корпус во нејзините рамки“, изјавил Шојгу на состанокот на рускиот Совет за безбедност.
Според Шојгу, во моментов тие пет полкови, и според личниот состав и според опремата, се оформени до 60 отсто од планираните капацитети.
Рускиот министер за одбрана, исто така, рекол и дека во просек дневно во воена служба по договор влегувал 1.336 лица, или околу еден полк. Според Шојгу, со директен договор се регрутирани 114.000 лица, а имало и повеќе од 52.000 доброволци за служба во руската војска.
„Вооружените сили на Руската Федерација во просек секој ден добиваат повеќе од 112 единици модернизирана и нова опрема. Со тоа остваривме сериозно темпо и не гледаме ризици за нарушување на формирањето на (воените) резерви“, рекол Шојгу кого го цитира агенцијата РИА.
Во вторникот руската Државна дума усвои закон со кој им се овозможува на осудените лица да склучуваат договори за служење во војската со Министерството за одбрана, но тоа не се однесува и на приватните приватни компании, како „Вагнер“ кој подготвувајќи се за операциите во украинските град Бахмут регрутураше борци од затворениците, некои и осудени за тешки дела.
Според еден од предлагачите на законот, рускиот сенатор Андреј Клишас, законот се однесува само на лица кои ќе склучат договор за служба во вооружените сили, а со него ќе биде воспоставена процедура за изборот на кандидатите која ќе оневозможи таквите лица да влезат во зоната на борбените дејствија во Украина, а проверката ќе ја прават четири владини безбедносни агенции и други служби.