Бројот на повредените како резултат на масовните судири во Киев, достигна 780 лица. Ова беше објавено на сајтот на Министерството за здравство на земјата, пренесе „РИА Новости“.
Во последното деноноќие медицинска помош побарале 56 лица, од кои 31 се хоспитализирани, забележува Заводот и додава дека од почетокот на судирите загинале 82 лица.