До сега извлечени 37 тела на брегот кај Карачи

Спасувачите извлекоа уште две тела во водите кај брегот кај најголемиот пакистански град Карачи, па бројот на лица кои се удавија порасна на 37, соопштија официјалните лица.

Лицата кои се удавија беа меѓу илјадници луѓе кои излегоа на плажите за со капење да го прослават Рамазанскиот Bајрам кој започна во вторникот и траеше до петокот.

Официјалните лица велат дека не е исклучена можноста таа бројка да биде уште поголема.

Хеликоптерите на морнарицата и глисерите ја предводат потрагата долж крајбрежјето и на отворено море.

Над илјада жители на Карачи го прославуваат празникот на плажите, но безбедносните стандарди се многу ниски