![fico slovacka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/fico-slovacka.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Писмо со куршум адресирано до словачкиот премиер Роберт Фицо пристигна денеска во словачката Влада, соопшти денеска неговата прес-служба.
Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна рендгенска проверка, јавува словачкиот портал Плус 7 Дни.
Се додава дека писмото пристигнало од непознат испраќач.
Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф ја потврди веста и додаде дека полицијата истражува.
Фицо на 15 мај годинава преживеа обид за атентат во кој беше тешко повреден.