До среда топло време, од четврток дожд

До среда ќе се заджи топлото време. Денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со значителна облачност.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина до 80 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степена.

До среда ќе се задржи стабилно и топло за овој период од годината со умерен, повремено засилен јужен ветер. Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а дневната температура на воздухот ќе се спушти за околу 5 степени.