![zoran karadzoski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/zoran-karadzoski.jpg?resize=550%2C358&ssl=1)
Во моментов до Судскиот совет се поднесени 270 претставки и поплаки од граѓани за работењето на одредени судии, повеќето наследени од Советот за факти за утврдување одговорност кај судиите, но и нови, кои се поднесени по згаснувањето на Советот за факти, а асега пред Судскиот совет се покренати постaпки за разрешување на пет судии, изјави во четвртокот претседателот на ова тело Зоран Караџоски.
„Моментално пред Судскиот совет се покренати постaпки за разрешување на пет судии. Како што ќе се разгледуваат етапно овие 270 претставки, така ќе се знае за евентуални нови постапки за разрешување на судии. Дел од овие 270 поднесени претставки се поплаки од незадоволни граѓани, странки во судските постапки, што секако нема да преминат во постапки за разрешување“, рече претседателот на Судскиот совет.
Меѓутоа, додаде Караџоски, Советот нема на денешната седница веднаш да седне и да ви разрешува петтемина судии. Прво ќе биде формирана тричлена комисија со ждребка и таа комисија ќе ја има улогата да ги разгледа петте претставки за разрешување. Ќе има 15 дена да го извести Судскиот совет, кој потоа ќе гласа за иницијативите за разрешување.