Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги толкуваат насловните ролји во четвртото продолжение на филмот „Matrix“, а коавторката на филмот Лана Вашовски ќе го напише сценариото, ќе го режира и продуцира.
Првиот дел од филмот беше премиерно прикажан во 1999 година. Тогаш заработи 460 милиони долари,а целата франшиза досега постигнала профит во износ од 1,6 милијарди долари.
Лана Вашовски на сценариото соработувала со писателите на научно-фантастични новели Александр Хемон и Дејвид Мичел. Вашовски, славенички објавувајќи го враќањето на „Matrix“, вели дека проблемите со кои се занимава филмот „во денешно време се уште порелевантни“.
Претседателот на филмската групација „Warner Bros Pictures“, Тоби Емерих, го најави новиот филм во вторникот, велејќи дека во студиото сите се многу возбудени поради целиот проект.
„Лана е визионерка, единствена и оригинална креативна филмска авторка. Одушевни сме што таа го пишува, режира и продуцира новиот проект“, напиша Емерих.
Во првиот дел од филмот главниот лик Нео, кого го толкуваше Кијану Ривс, открива дека човештвото е заробено во симулирана стварност. Филмот стана хит, па беа снимени уште две продолженија. Шпекулациите за снимањето на четвртиот филм се провлекуваат низ медиумите уште до 2017 година, а тогаш пишуваше дека „Warner Bros Pictures“ се „во раната фаза од работата на новиот филм“.
Вашовски во вторникот рече дека „многу е среќна што сиве овие ликови се враќаат во нејзиниот живот“, како и дека е „благодарана за укажаната уште една шанса да работи со прекрасните пријатели“.
Снимањето на четвртиот „Matrix“ би требало да започне на почетокот од следната година