Циклонот „Тодор“ ова попладне во западната половина на Македонија услови развој на нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град проследен со електрични празнења.
Овој циклон понатаму ќе се интензивира и за време на викендот, особено околу пладневните како и во попладневните часови на повеќе места ќе условува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, поголемо количество на воден талог, силни електрични празнења, засилен ветер и град.
Сето ова може да услови и локални поројни поплави.
Со ова нашата територија влегува дури во портокалова предупредувачка фаза.