Пристигна животот во Македонија. Во општина Чаир по обилните врнежи, a поради нерешената инфраструктура, се случи несреќен случај, при што е повредено дете.
Општината каде што градоначалник е Изет Меџити од редовите на ДУИ, постојано е мета на критика во јавноста поради негрижата на локалната власт за подобрување на условите за живот на граѓаните, па така, секој и не толку пороен дожд, создава големи проблеми.
Во видеото подолу може да се забележи како детето пропаѓа во дупка додека стои покрај урнатина како последица од дождот што врнеше во средата.