![1000](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/1000-1.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
На израелските трети парламентарни избори за помалку од една години се одѕвале 38,1 отсто од избирачите до 13 часот по средноевропско време, додека овој податојк на изборите на 17-те септември во исто време изнесувала 36,5 отсто, соопшти Централната изборна комисија.
Поголемиот одѕив е забележан и покрај стравот дека активистите ќе се обидат да влијаат на изборните резултати ширејќи „лажни вести“ за случаите на коронавирус на избирачките места. Исто така, постоеше стравување и од заморот на гласачите од речиси континуираните политички кампањи.
Анкатите покажуваат дека ниедна страна во моменталниот политички ќорсокак не очекува промена на резултатите, како и дека можноста за формирање владина коалиција сѐ уште не е ниту близу.
Владејачката конзервативна партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху повторно е во тесна трка со центирстичката Сино-бела партија на поранешниот воен командант Бени Ганц. Ниту Нетанјаху, ниту Ганц не покажаа дека може да формираат владина коалиција по изборите во април и септември минатата 2019 година.
На изборите за 23-от состав на Кнесетот (израелскиот парламент) се кандидираа 30 партии, а околу 6,5 милиони луѓе имаат право на глас. Ширум земјата се отворени повеќе од 10.600 гласачки места.
Министерството за Здравство ја повика јавноста да гласа без страв дека ќе бидат заразени со новиот коронавирус.
„Можете безбедно да гласате. Не се двоумете. Ова е ваша обврска. Тоа е ваше право. Излезете и гласајте, се обрати во неделата со видео-порака министерот за здравје Моше Бард Симан Тов.