Охриѓанец и лице од Македонски Брод добија кривична поради бесправна сеча на дрва.
Станува збор за четириесетгодишниот Д.А. од Македонски Брод сопственик и управител на фирмата „Шума проект-2“ увоз-извоз ДООЕЛ поради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и Б.Т. (40) од охридското село Црвена вода поради сторено кривично дело „пустошење шуми“.
Прво пријавениот како лиценциран работник за издавање на одобрение за сеча на приватни шуми не спровел должен надзор за обележување на парцели за кои претходно бил ангажиран од страна на сопственик на четири парцели во село Арабиново, со што нанел штета на две физички лица во износ од 29.000 денари, а второ пријавениот неовластено пресекол шума во сопственост на оштетените физички лица.