Добил отказ на работа па уби седум, а рани 22 лица

Човекот кој во саботата уби седум лица во Тексас и прито рани уште 22, неколку часа пред да почне да пука врз луѓето бил избркан од работа, објавија американски медиуми.

Од друга страна додека излегуваат повеќе детали за овој нов масакр во САД, полицијата врши истрага на 15 различни локации во Мидланд и во Одеса, каде се случи пукањето.

Убиецот, кого полицијата го застрела, е Сет Итон Ејтан (36) од Одеса, кој претходно добил  отказ како возач на камион, објави Њујорк тајмс. По отказот, Ејтон бил запрен од полицијата на Мидланд роуд затоа што немал предно светло, по што Ејтан почнал да пука по се што се движи од заднота седиште на автомобилот. Користел автоматска пушка.

Потоа тој излегол од колата и украл поштенско комбе при што фатално го ранил возачот. Полицијата подоцна усеала да го стави во обрач бегалецот Ејтан на еден паркинг пред кино во Одеса каде го застрелала.

И покрај овие нови моменти полицијата вели дека мотивите за масакрот не се дефинирани.

Во 2002 година Ејтан бил казнет за криминално дело и за бегство при обид за негово апсење.

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека напаѓачот кој уби седум лица „е многу болна личност“ и притоа даде до знаење дека каква било прверка од страна на продавачите на оружје немало да спречи таков инцидент.