Добитници на наградата „Јасмин“ се Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски

Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.

Филиповски, кој во изминатите години објави неколку капитални дела за македонската рок музика и новинарот Кежаровски ја добиваат наградата за остварување во областа на публицистиката, а Марку и Николовски во областа на новинарството. Наградата „Јасмин“ не се додели во изминатите две години.

Наградите ќе бидат врачени на 21 декември во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.