Добивка на НовоЛото 7/34, поттик за бизнис инвестиција

Добивка на НовоЛото 7/34, поттик за бизнис инвестиција. С.Ј. од Скопје, млада, амбициозна девојка, ќе го реши својот статус на вработување со добивката од НовоЛото во вредност од 7.000 евра, за категоријата 6+1, остварена во 99-то коло.

Ова е до сега вистинска уникатна приказна што сакаме да ја споделиме како поттик за младите кои со малку средства и проверка на среќата на бројките, можат да дојдат до поголема сума пари, велат од Државна Лотарија на Македонија.

Според статистиките се повеќе млади ја играат играта на среќа НовоЛото 7/34, причините се различни, но секако ова прераснува во добра навика на младите луѓе за инвестирање на ситните пари.

Уплата на една комбинација НовоЛото 7/34 чини 15,00 денари. Нашата добитничка уплатила 45 денари за одиграни 3 комбинации од кои втората и е добитна. Таа не е редовен играч, но секогаш игра со истите броеви, а до сега овие броеви и носеле само помали парични добивки. Овој пат броевите и потврдиле дека се тоа нејзини среќни броеви, но за еден број и побегнала 7ката. С.Ј. и нејзината другарка од сега натаму редовно ќе играат НовоЛото 7/34 со надеж дека ќе се впишат во листата на добитнички на 7ка. Со нас добитниците ја споделуваат својата среќа и најчесто ги споделуваат и своите планови за користење на добивките. Сите сакаат да си остварат дел од сонот. С.Ј. сака да го остави својот сон за отворање сопствен бизнис, се вели во соопштението од Државна Лотарија.